ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/04 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2004
Нашата служба за Царството 2004
km 1/04 стр. 3

Известувања

◼ Понуда на литература за јануари: Која и да било книга издадена пред 1988 од која собранието има резерва. Ако немате резерва од овие книги, ве молиме проверете дали околните собранија имаат вишок постари публикации при рака што вие би можеле да ги користите. Собранијата што немаат постари книги можат да ја нудат Потрагата на човештвото по Бог. Февруари: Приближи му се на Јехова. Ако оваа публикација не е на располагање, како алтернативна понуда може да се користи книгата Создавање. Март: Спознание кое води во вечен живот. Ќе се направи посебен напор да се започнат домашни библиски студии. Ако луѓето веќе ја имаат оваа публикација, може да се понуди Обрни внимание на Даниеловото пророштво! Април: Ќе се нудат поединечни примероци и на Стражарска кула и на Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересирани лица, вклучи ги и оние што присуствувале на Меморијалот или на некои други теократски настани, но кои не се активно поврзани со организацијата. Сосредоточи се на тоа да ја дадеш книгата Обожавај го Бог. Треба да се вложи сиот потребен напор за да се започне домашна библиска студија, особено ако некои поединци веќе ги проучувале книгата Спознание и брошурата Бара.

◼ Почнувајќи од февруари, но не подоцна од 7 март, новото јавно предавање на покраинските надгледници ќе биде „Чии вредности ги цениш?“

◼ Собранијата треба да направат соодветни подготовки за да го прослават Меморијалот годинава, во недела 4 април, по зајдисонце. Иако предавањето може да започне порано, подавањето на симболите не треба да започне пред зајдисонце. Проверете локално за да одредите кога настапува зајдисонцето на вашето подрачје. Бидејќи тој ден нема да се одржуваат состаноци, освен состаноци за служба, треба да се направат соодветни подготовки за студијата на Стражарска кула да се одржи во некое друго време. Покраинските надгледници ќе треба да го преиначат својот распоред за состаноци за таа седмица во согласност со локалните околности. Иако е пожелно секое собрание да го одржи Меморијалот посебно, тоа можеби не е секогаш возможно. Онаму каде што обично неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе можат да набават некој друг објект за таа вечер. Онаму каде што е возможно, предлагаме да има барем 40 минути меѓу програмите за сите да можат да извлечат целосна корист од таа прилика. Треба да се размисли и за сообраќајот и паркирањето, вклучувајќи го и оставањето и земањето патници. Старешинското тело треба да одлучи кои подготовки ќе бидат најдобри локално.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели