Известувања
◼ Понуда на литература за март: Спознание кое води во вечен живот. Ќе се направи посебен напор да се започнат домашни библиски студии. Ако луѓето веќе ја имаат оваа публикација, може да се понуди Обрни внимание на Даниеловото пророштво! Април и мај: Ќе се нудат поединечни примероци и на Стражарска кула и на Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересираните лица, во кои можеби се вклучени и оние што присуствувале на Меморијалот и/или на некои други теократски настани но кои не се активно поврзани со организацијата, сосредоточи се на тоа да ја дадеш книгата Обожавај го Бог. Треба да се вложи сиот потребен напор за да се започне домашна библиска студија, особено ако некои поединци веќе ги проучувале книгата Спознание и брошурата Бара. Јуни: Учи од Големиот Учител. Ако некои поединци речат дека немаат деца, понуди ја брошурата Бара. Кога ја користиш брошурата, сосредоточи се на тоа да започнеш домашна библиска студија.
◼ Бетел не исполнува нарачки за литература на поединечни објавители. Претседавачкиот надгледник треба да направи подготовка секој месец, пред да се испрати нарачка за литература до Бетелот, да се даде известување така што сите кои се заинтересирани да набават литература за лична употреба ќе можат да го известат братот што работи на литература. Ве молиме, имајте на ум кои публикации спаѓаат во специјална нарачка.
◼ Важно е групите од 10 или повеќе луѓе што планираат да ги посетат објектите на Бетелот, најпрво да контактираат преку писмо или преку телефон со рецепцијата во Бетел. Ве молиме, наведете колку луѓе ќе дојдат и датумот и времето на посетата. Пред да дојдете на посета, ве молиме, разгледајте ја „Рубрика прашања“ од Наша служба за Царството од јуни 2002 во врска со исправното облекување и дотерување кога се посетуваат Бетелските домови.