Известувања
◼ Понуда на литература за април и мај: Ќе се нудат поединечни примероци и на Стражарска кула и на Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересираните лица, во кои можеби се вклучени и оние што присуствувале на Меморијалот и/или на некои други теократски настани, но кои не се активно поврзани со организацијата, сосредоточи се на тоа да ја дадеш книгата Обожавај го Бог. Треба да се вложи сиот потребен напор за да се започне домашна библиска студија, особено ако некои поединци веќе ги проучувале книгата Спознание и брошурата Бара. Јуни: Учи од Големиот Учител. Ако некои поединци речат дека немаат деца, понуди ја брошурата Бара. Кога ја користиш брошурата, сосредоточи се на тоа да започнеш домашна библиска студија. Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Радувај се засекогаш на животот на земјата!, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш и Што ни се случува кога ќе умреме?
◼ Почнувајќи од април, во пратките за литература автоматски ќе бидат вклучени и значките за обласниот конгрес за 2004. Ако во собранието се потребни уште конгресни значки, треба да се нарача со Формуларот за нарачка за литература (S-14). Потребно е да се нарачаат пластични фолии за значките за секој што сака од собранието.
◼ Потребно е канцеларијата на подружницата да има најнови податоци за адресите и телефонските броеви на сите претседавачки надгледници и секретари. Ако има некаква промена, Службениот одбор на собранието треба веднаш да напише и да испрати известување до бетеската канцеларија. Ова вклучува и промена на карактеристичните телефонски броеви.
◼ Собраниските секретари треба да имаат соодветна резерва од формуларите Молба за општа пионерска служба (S-205) и Молба за помошна пионерска служба (S-205b). Тие можат да се нарачаат со Формуларот за нарачка за литература (S-14). Имајте резерва барем за една година. Прегледајте ги сите формулари за општа пионерска служба за да се уверите дали се целосно потполнети, вклучувајќи го и датумот на крштавање на оној што ја поднесува молбата.