ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/04 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2004
Нашата служба за Царството 2004
km 6/04 стр. 3

Известувања

◼ Понуда на литература за јуни: Учи од Големиот Учител. Ако некои поединци речат дека немаат деца, понуди ја брошурата Бара. Кога ја користиш брошурата, сосредоточи се на тоа да започнеш домашна библиска студија. Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Радувај се засекогаш на животот на земјата!, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш и Што ни се случува кога ќе умреме? Септември: Постои ли Творец кој се грижи за тебе? Како алтернативна понуда, можеш да ја нудиш Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?

◼ За да се погрижиме Салата на Царството да биде безбедна, последното лице што ќе излезе од зградата треба да ја заклучи вратата и да ги преземе сите други безбедносни мерки. Ако тоа лице не може да ја остави зградата безбедна, треба да повика некој што може да го стори тоа и да почека тој да пристигне пред да си оди. Старешините треба да водат тековен список на објавители на кои им се дадени клучеви од Салата на Царството.

◼ Во септемвриското издание на Наша служба за Царството ќе биде изнесено разгледување на видеокасетата Почитувај го Јеховиниот авторитет. Примероци од видеокасетата се достапни на англиски. Сите собранија се потсетени, доколку е потребно, да ја нарачаат оваа видеокасета со следната нарачка на литература.

◼ Додека присуствувате на Обласниот конгрес „Одете со Бог“, задржете на ум колку е важно да се водат кратки забелешки кои ќе ви помогнат да учествувате во усното повторување што ќе биде ставено на распоред во Состанокот за служба подоцна оваа година.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели