Известувања
◼ Октомври: Ќе се нудат поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Ако е покажан интерес, те молиме понуди ја брошурата Бара. Ноември: Ќе се нуди книгата Учи од Големиот учител. Ако станарот каже дека нема деца, тогаш понуди ја книгата Спознание или трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? Декември: Ќе се нуди книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Како алтернатива може да се користат книгите Библијата — реч Божја или човечка?, Моја книга со библиски приказни или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, доколку ја имате во собраниската залиха.
◼ Почнувајќи од седмицата од 17 април 2006, на собраниската студија на книга ќе ја проучуваме Што навистина учи Библијата? Собранијата ќе бидат известени кога ќе можат да ја нарачаат оваа нова публикација, за да ја имаат на располагање во доволна количина во тоа време.
◼ Среќни сме што можеме да ве известиме дека почнувајќи од 1 септември 2005 групата во Крива Паланка стана собрание, а во Кичево се формира нова група на објавители на Царството. Со ова сега во Македонија има 17 собранија и 4 групи.
◼ Додатокот во ова издание од Наша служба за Царството е „Распоредот за Теократска школа за служба за 2006“ и треба да се зачува за да се користи во текот на 2006 година.