ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/06 стр. 5-6
  • Писмо од Водечкото тело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писмо од Водечкото тело
  • Нашата служба за Царството 2006
Нашата служба за Царството 2006
km 2/06 стр. 5-6

Писмо од Водечкото тело

„Имајте незаслужена љубезност и мир од Бог, нашиот Татко, и од Господ Исус Христос.“ Ова бил поздравот што го користел Павле во повеќето свои писма до собранијата. Токму тоа ви го посакуваме и ние на сите вас (Ефеш. 1:2).

Навистина сме благодарни за незаслужената љубезност што ја покажал Јехова преку откупната жртва на Христос Исус! Благодарение на откупнината, имаме добар однос со Бог. Никогаш не би можеле да стекнеме таков однос со сопствен напор, без оглед на тоа колку трудољубиво ја проучуваме Библијата, колку многу ја проповедаме добрата вест или колку други добри дела правиме. Простувањето на гревовите и вечниот живот не се плата за нашиот труд туку дарови што се показател на Јеховината незаслужена љубезност преку Исус Христос (Рим. 11:6).

Павле им напишал на соверниците: „Ве преколнуваме да не ја прифатите Божјата незаслужена љубезност и да ја промашите нејзината цел. Зашто тој вели: ‚Во време на прифаќање те чув, и во ден на спасение ти помогнав‘. Гледај! Сега е особено прифатливото време. Гледај! Сега е денот на спасението“. Пред уништувањето на Ерусалим во првиот век, имало едно „прифатливо време“. Луѓето со искрени срца што го сакале Јехова биле спасени во духовен поглед. Ова довело и до дословно спасение на сите верни лица што побегнале од Ерусалим пред да биде уништен во 70 од н.е. (2. Кор. 6:1, 2).

И денес живееме во едно „прифатливо време“ и во „денот на спасението“. Оние кои Јехова ги прифаќа како свои слуги и кои се спасени во духовен поглед, имаат можност да бидат и дословно спасени во ‚големиот Господов ден‘ што сега е многу близу (Соф. 1:14).

Доаѓањето на Јеховиниот ден ни наметнува сериозна одговорност. Треба да ги предупредиме луѓето за тој ден и истовремено да им помогнеме на лицата со искрени срца да извлечат корист од Јеховината незаслужена љубезност, за да можат и тие да бидат спасени. Павле сфатил колку е сериозна оваа одговорност. Тој напишал: „Навистина, тешко мене ако не ја објавувам добрата вест!“ Своите чувства во врска со ова ги изразил со следните зборови: „Должник сум им . . . и на мудрите и на неуките; затоа, што се однесува до мене, горливо сакам да ви ја објавам добрата вест“ (1. Кор. 9:16; Рим. 1:14, 15).

Јехова ќе нѐ повика на одговорност ако го запоставиме важното дело на предупредување на луѓето. Ние сме свесни за тоа што му го рекол Јехова на пророкот Езекиел: „Човечки сине, те поставувам за чувар на Израелевиот дом. И ти ќе слушаш зборови од Мојата уста и ќе ги опоменуваш во Мое име. Кога ќе му речам на безбожникот: ‚Ќе умреш‘, а ти не го опоменеш и не го одвратиш од неговиот лош пат за да му го спасиш животот, тој ќе умре за своето беззаконие, ама јас ќе барам од тебе сметка за неговата крв“ (Езек. 3:17, 18).

Тешко е да се живее во овие последни денови. Не е лесно да се постигне рамнотежа меѓу семејните обврски, световните активности, собраниските одговорности и проповедањето. Освен тоа, многу од вас мораат да се справуваат со болест, депресија, старост, па дури и противење. Повеќето од вас ‚се оптоварени‘. Сакаме да ви кажеме дека сочувствуваме со вас, исто како што сочувствувал Исус, кој рекол: „Дојдете кај мене сите кои се измачувате и кои сте оптоварени, и јас ќе ве освежам“ (Мат. 11:28). Сакаме срдечно да ве пофалиме сите вас кои се трудите верно да му служите на Јехова и покрај големите и малите проблеми со кои се соочувате.

Како резултат на вашето ревносно проповедање и поучување кои Јехова ги благословува, низ целиот свет во просек се крштаваат по 4.762 лица седмично. Во текот на последната службена година беа формирани 1.375 нови собранија. Се надеваме и се молиме новата книга, Што навистина учи Библијата?, која веќе е достапна на преку 120 јазици, да им помогне на милиони лица да извлечат корист од незаслужената љубезност и мирот од Јехова, во текот на овој ‚ден на спасение‘.

Бидете уверени дека Водечкото тело ве сака и дека се молиме за вас. Ви благодариме и за тоа што вие се молите за нас.

Вашите браќа,

Водечко тело на Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели