ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/06 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2006
Нашата служба за Царството 2006
km 3/06 стр. 3

Известувања

◼ Март: Ќе се нуди новата книга Што навистина учи Библијата? Обиди се да започнеш библиски студии. Април и мај: Ќе се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Кога ќе одиш на повторни посети кај заинтересираните лица, посети ги и оние што присуствувале на Спомен-свеченоста или на други теократски настани, но не се активно поврзани со собранието. Притоа, потруди се да им ја дадеш новата книга Што навистина учи Библијата? Целта треба да биде да се започнат библиски студии со таа книга. Јуни: Ќе се нуди книгата Младите прашуваат. Ако лицето рече дека нема деца на тинејџерска возраст, понуди ја книгата Семејната среќа.

◼ Затоа што април има цели пет викенди, тоа е одличен месец за помошна пионерска служба.

◼ Спомен-свеченоста во 2006 година ќе се одржи во среда, 12 април. Ако вашето собрание има состаноци во среда, тогаш можете да ги одржите некој друг ден кога Салата на Царството е слободна. Ако, пак, не е можно да го одржите Состанокот за нашата служба, тогаш некои точки од програмата што се важни за вашето собрание можете да ги одржите на некој друг Состанок за нашата служба.

◼ Собранијата треба да ги поделат најновите броеви на Стражарска кула и Разбудете се! веднаш штом ќе ги добијат. Тоа ќе им овозможи на објавителите да се запознаат со содржина на списанијата пред да ги понудат во службата. Нашата служба за Царството исто така треба да им се подели на објавителите веднаш штом ќе пристигне. Може да им се даде и на Собраниското проучување на книга.

◼ На Состанокот за нашата служба во мај ќе се дискутира за видеокасетата Ное — тој одел со Бог. Ако е потребно, преку собранието треба да се нарачаат уште видеокасети колку што е можно поскоро.

◼ Бетел не исполнува нарачки за литература на поединечни објавители. Претседавачкиот надгледник треба да се погрижи секој месец, пред да се испрати нарачка за литература до Бетелот, да се даде известување така што сите кои се заинтересирани да набават литература за лична употреба ќе можат да го известат братот што работи на литература. Ве молиме, имајте на ум кои публикации спаѓаат во специјална нарачка.

◼ Од 1 јануари 2006, групата во Гевгелија стана собрание. Сега во Македонија има 18 собранија и 3 групи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели