ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/06 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2006
Нашата служба за Царството 2006
km 8/06 стр. 3

Известувања

◼ Август: Може да се користи која и да било од следниве брошури со 32 страници: Радувај се засекогаш на животот на Земјата!, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во Тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Што ни се случува кога ќе умреме? и Книга за сите луѓе. Септември: Ќе се нуди книгата Што учи Библијата. Треба да се потрудиме уште при првиот разговор со луѓето да почнеме да ја проучуваме Библијата со нив. Таму каде што сме ја оставиле оваа книга треба да навратиме повторно со цел да започнеме да проучуваме со тоа лице. Октомври: Ќе се нудат поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Ако е покажан интерес, те молиме, понуди ја брошурата Бдејте! за да поттикнеш понатамошен интерес за Библијата.

◼ Претседавачкиот надгледник, или некој одреден од него, треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 септември или колку што е можно побрзо потоа. Ако постои посебна банковна сметка, како на пример за одржување или за изградба, треба да се провери и таа сметка. Откако ќе се направи ова, дајте известување во собранието заедно со следниот сметководен извештај.

◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат Календар на Јеховините сведоци за 2007, Секојдневно испитување на Писмото за 2007 и Годишник на Јеховините сведоци за 2007 со нивната следна нарачка на литература. Собранијата ќе добијат список со јазиците на кои може да се нарачаат овие публикации.

◼ На Спомен-свеченоста оваа година вкупно присуствуваа 3.197 лица. Ова е нов највисок број што покажува дека овој најважен состанок во службената 2006 година го посетија 37 лица повеќе отколку минатата година.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели