Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 29 октомври 2007 год. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 3 септември до 29 октомври 2007 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Зошто повторувањето е важна метода на поучување? [be стр. 206, пас. 1, 2, рамка].
2. Како да ја нагласиме темата на говорот? [be стр. 210, рамка].
3. Што се главни точки од еден говор и како да ги избереме? [be стр. 212, пас. 1-3].
4. Зошто не треба да имаме премногу главни точки во еден говор? [be стр. 213, пас. 2-4].
5. Зошто е важно нашиот вовед да побуди интерес, и како да го постигнеме тоа? [be стр. 215, пас. 1; стр. 216, пас. 1-3, рамка].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Како Псалм 119:89, 90 ни помага да сфатиме дека можеме да се потпреме на Божјата реч? [w 15.4.05 стр. 15, пас. 3].
7. Што нагласува книгата Езекиел, и што ќе се случи со оние што денес го посветуваат Јехова во својот живот? [si стр. 137, пас. 33].
8. Како „Јеховината реч“ може да го чува нашето срце? (Пс. 18:30) [w 1.9.05 стр. 30, пас. 2].
9. Како е нагласена надежта за Царството низ целата книга Даниел? [si стр. 142, пас. 23].
10. Како книгата Осија ни ја зајакнува верата во Јеховините вдахновени пророштва? [si стр. 145, пас. 14].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Што означува мерењето на храмот во видението на Езекиел, и во што нѐ уверува тоа нас денес? (Езек. 40:2-5) [w 1.3.99 стр. 9, пас. 6; стр. 14, пас. 7].
12. Кој е „кнезот“ од последното исполнување на видението на Езекиел? (Езек. 48:21) [w 1.3.99 стр. 16, пас. 13-15; стр. 22, 23, пас. 19, 20].
13. Кое е значењето на Даниел 2:21? [w 15.9.98 стр. 12, пас. 9].
14. Зошто Даниел бил наречен „Божји љубимец“? (Дан. 9:23) [dp стр. 185, пас. 12; w 1.8.04 стр. 12, пас. 17].
15. Во која смисла немало ‚знаење за Бог во земјата‘ Израел, и како треба да гледаме на овие зборови? (Оси. 4:1, 2, 6) [w 15.11.05 стр. 21, пас. 21; jd стр. 58, пас. 5; стр. 61, пас. 10].