Известувања
◼ Понуда на литература за ноември: Учи од Големиот Учител. Ако некои речат дека немаат деца, понуди им ја брошурата Бдејте! Декември: Најголемиот човек кој некогаш живеел. Освен неа, може да се нудат и книгите Приближи му се на Јехова или Тајната на семејната среќа. Јануари: Може да се нуди книгата Спознание или брошурата Бдејте! Февруари: Постои ли Творец кој се грижи за тебе? или Тајната на семејната среќа.
◼ Бидејќи декември има пет викенди, тој би бил одличен месец за помошна пионерска служба.
◼ Издадени се неколку библиски публикации кои се наменети да им се сведочи на луѓе од различни култури и религии. Братот што се грижи за литературата има список од овие корисни публикации.
◼ Ако сѐ уште не го сториле тоа, сите објавители треба да ја пополнат својата ТП (трајно полномоштво) картичка. Оваа ТП картичка го штити твоето право да одбиеш трансфузија на крв. Ако некому му треба помош да ја пополни картичката, може да им се обрати на старешините. (Види го додатокот во Нашата служба за Царството од ноември 2006 год.)
◼ Објавителите не треба повеќе да го пополнуваат формуларот Извештај за студија (S-3) за секоја библиска студија што ја воделе во текот на месецот. Сепак, во соодветната колона на ливчето Извештај од службата на проповедање (S-4) и понатаму ќе треба да го запишат бројот на библиски студии што ги водат. Отсега натаму, формуларите (S-3) ќе се користат само за да се запише бројот на присутни на собраниските состаноци.