Известувања
◼ Понуда на литература за февруари: Постои ли Творец кој се грижи за тебе? или Тајната на семејната среќа. Март: Што навистина учи Библијата? Треба особено да се трудиме да започнеме библиски студии. Април и мај: Стражарска кула и Разбудете се! Треба особено да се трудиме да ги посетиме новозаинтересираните лица кои присуствувале на Спомен-свеченоста или на специјалното предавање, а не се активно поврзани со собранието. Притоа наша цел треба да биде да започнеме да ја проучуваме Библијата со оние што сѐ уште не проучуваат.
◼ Бидејќи има пет цели викенди, март би бил одличен месец за помошна пионерска служба.
◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако на некои од нив им е тешко да го исполнат барањето за часови, старешините треба да организираат да им се помогне.
◼ Темата на специјалното предавање по Спомен-свеченоста за 2008 год. ќе биде „Кој е способен да владее со човештвото“. Види го известувањето во врска со тоа во Нашата служба за Царството од октомври 2007 год.