ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/08 стр. 8
  • Доказ за цврста вера!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Доказ за цврста вера!
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Сличен материјал
  • „Сведоштво на сите нации“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Дали живееме во „последните денови“?
    Што навистина учи Библијата?
  • „Кој ке биде знакот на твојата присутност?“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Нашата служба за Царството 2008
km 2/08 стр. 8

Доказ за цврста вера!

1. Какви потресни настани прорекол Исус?

1 Апостолите внимателно слушале додека Исус зборувал за својата присутност и за свршетокот на овој поредок. Тој им објаснил дека човештвото ќе го потресат тешки настани — војни, глад, земјотреси, болести. Потоа, рекол дека неговите следбеници ќе бидат мразени, ќе трпат неволји и ќе бидат убивани. Требало да се појават лажни пророци и да заведат мнозина. Рекол и дека кај мнозина љубовта ќе олади.

2. Зошто е зачудувачки тоа што добрата вест се проповеда по целиот свет?

2 Откако го чуле тоа, апостолите сигурно многу се изненадиле кога Исус рекол дека добрата вест за Божјето Царство ќе се проповеда по целиот свет (Мат. 24:3-14). Денес гледаме дека тоа возбудливо пророштво се исполнува на извонреден начин. Иако живееме во многу опасно време, Јеховините сведоци ревносно ја објавуваат добрата вест. Додека во светот има сѐ помалку љубов, нашата љубов гори сѐ посилно. Иако нѐ мразат „сите народи“, ние сепак му проповедаме речиси на секој народ.

3. Кои податоци од извештајот од целиот свет те охрабруваат?

3 Ако ја разгледаме табелата од 3. до 6. страница, на која е прикажано што постигнале Јеховините сведоци во изминатата службена година, ќе бидеме навистина многу охрабрени! Веќе 16 години по ред, во делото на проповедање и поучување се вложени по повеќе од една милијарда часови. Тоа навистина е доказ за цврста вера! Бројот на пионери порасна за 5,8 отсто, бројот на објавители за 3,1 отсто, а бројот на библиски студии за 4,4 отсто. Се крстија 20,1 отсто повеќе лица во споредба со минатата службена година. Прекрасно е да се види дека на Јехова верно му служат скоро седум милиони луѓе — повеќе од кога и да е порано во човечката историја! А кои податоци од табелата се особено охрабрувачки за тебе?

4. Какви проблеми совладал еден човек кој сакал да се крсти?

4 Иако ова се огромни бројки, никогаш не треба да заборавиме дека зад нив стојат луѓе што ја докажале својата вера. Да разгледаме еден пример. Гиљермо се родил во Боливија во 1935 год. Кога имал девет години, почнал да работи на плантажа за кока (растение чии суви лисја содржат кокаин). Уште од детството, тој џвакал од тие лисја за да си ја ублажи маката од тешката физичка работа. Подоцна се опивал и пушел цигари. Откако почнал да учи што бара Јехова од него, Гиљермо прекинал со пушењето, а потоа и со алкохолот. Но, најголем проблем му било да престане со долгогодишната навика да џвака лисја од кока. Непрестајно се молел, и конечно успеал да ја совлада оваа навика. Откако ги оставил пороците, се крстил. Тој вели: „Сега се чувствувам чист и многу сум среќен“.

5. Која е твојата желба?

5 Јехова е вистински заинтересиран за луѓето. Тој сака сите да дојдат до покајание (2. Пет. 3:9). Тоа е и наша желба. Нашето срце нека нѐ поттикне да правиме сѐ што можеме за и понатаму да им помагаме на искрените луѓе да го запознаат и да го засакаат Јехова, како што и ние го сакаме.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели