ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/08 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2008
Нашата служба за Царството 2008
km 7/08 стр. 3

Известувања

◼ Понуда на литература за јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Радувај се на животот засекогаш на Земјата!, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам!“, Дали треба да се верува во тројство?, Дали Бог се грижи за нас?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Што ни се случува кога ќе умреме? и Книга за сите луѓе. Септември: Ќе се нуди книгата Што навистина учи Библијата. Овој месец посебно треба да се потрудиме уште при првиот разговор со луѓето да почнеме да ја проучуваме Библијата со нив. Ако некој станар веќе ја има оваа публикација, тогаш накратко покажи му како може да ја проучува Библијата со неа. Октомври: Ќе се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се!

◼ Бидејќи има пет цели викенди, август би бил одличен месец за помошна пионерска служба.

◼ Годишниот попис на целата литература и на списанијата што ги има собранието треба да се изврши на или околу 31 август 2008 год. Овој попис е сличен на сегашното месечно пребројување што го прави слугата за литература, а севкупниот износ треба да се внесе во формуларот Инвентура на литературата (S-18). Вкупниот број списанија што ги има собранието треба да се добие од слугата (слугите) за списанија. Секретарот на собранието кое е одговорно за координирање на пописот треба да го надгледува пребројувањето. Тој и претседавачкиот надгледник на собранието ќе го потпишат формуларот. Секое собрание ќе добие по три формулари Инвентура на литературата. Ве молиме, испратете го оригиналот до Бетелот пред 6 септември. Задржете еден примерок за својата архива. Третиот примерок може да се користи како работен лист.

◼ За да почнуваме и водиме библиски студии, повеќе нема да ја користиме брошурата Бара туку книгата Што учи Библијата. Брошурата Бара може и понатаму да ја нудиме во службата на проповедање сѐ додека ја има во собранието.

◼ На Спомен-свеченоста оваа година присуствуваа 3.677 лица, а тоа е ист број на присутни како минатата година. Радосни сме што толку многу луѓе покажаа ценење за откупнината на Исус Христос и се надеваме дека ‚и тие ќе го добијат спасението, кое е во Христос Исус‘ (2. Тим. 2:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели