ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/08 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2008
Нашата служба за Царството 2008
km 8/08 стр. 3

Известувања

◼ Понуда на литература за август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Радувај се на животот засекогаш на Земјата!, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам!“, Дали треба да се верува во тројство?, Дали Бог се грижи за нас?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Што ни се случува кога ќе умреме? и Книга за сите луѓе. Септември: Ќе се нуди книгата Што навистина учи Библијата. Овој месец посебно треба да се потрудиме уште при првиот разговор со луѓето да почнеме да ја проучуваме Библијата со нив. Ако некој станар веќе ја има оваа публикација, тогаш накратко покажи му како да ја проучува Библијата со неа.

◼ Почнувајќи од септември, покраинските надгледници ќе го одржуваат јавното предавање со наслов: „Живеј непорочно“.

◼ Бетелот не прима нарачки на литература од поединечни објавители. Претседавачкиот надгледник на секое собрание треба да се погрижи секој месец, пред да се испрати собраниската нарачка на литература до Бетелот, да се даде известување за да може секој што сака да ги нарача потребните публикации на штандот за литература. Ве молиме, имајте на ум кои публикации спаѓаат во артикли за посебна нарачка.

◼ Се потсетуваат старешините да постапат според упатствата дадени во Стражарска кула од 15 април 1991 год., страници 21-23, во врска со сите исклучени или одвоени лица кои можеби сакаат да бидат повторно примени.

◼ Со својата следна нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат повези на Стражарска кула и Разбудете се! за 2008 год., како и Библиотеката со публикации на Јеховините сведоци — издание од 2008 год. на CD-ROM (нема на македонски). Собранијата ќе бидат известени на кои јазици ќе бидат достапни повезите. Ве молиме забележете дека Библиотеката на CD-ROM од 2008 год. е само за крстените членови на собранието и може да се добие само преку собранието. Нарачките за сите овие изданија треба да се испратат до Бетел најдоцна до 1 ноември.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели