Известувања
◼ Кога ќе стигнат најновите броеви од Стражарска кула и Разбудете се!, треба веднаш да им се поделат на објавителите. Тоа ќе им овозможи да се запознаат со нивната содржина пред да ги понудат во службата.
◼ Понуда на литература за март: Што учи Библијата. Особено треба да се трудиме да започнеме библиски студии. Април и мај: Стражарска кула и Разбудете се! Кога повторно ги посетуваме заинтересираните лица, вклучувајќи ги оние што присуствувале на Спомен-свеченоста или на некој друг состанок, а сѐ уште не се активно поврзани со собранието, треба да се обидеме да започнеме библиска студија со помош на книгата Што учи Библијата.