Известувања
◼ Спомен-свеченоста за 2011 год. ќе се одржи во недела, 17 април, по зајдисонце. Ова известување се дава однапред за да можат да се направат потребните подготовки.
◼ Во собранијата наскоро ќе бидат испратени поканите за Спомен-свеченоста за 2010 год. на јазикот на вашето собрание. Ако сакате да имате покани и на некој друг јазик што се говори на вашето подрачје, тогаш тие треба да се нарачаат колку што е можно побрзо со Формуларот за нарачка на литература (S-14).