Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 22 февруари 2010 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 4 јануари до 22 февруари 2010 год.
1. Од каква склоност треба да се чуваме? (Ис. Нав. 22:9-12, 21-33) [w04 1/12 стр. 12, пас. 3].
2. Што најверојатно го поттикнало Исус Навин да ги каже зборовите што се запишани во Исус Навин 24:14, 15, и како треба ова да влијае врз нас? [w08 15/5 стр. 17-18, пас. 4-6].
3. Наведи еден начин на кој обожавателите на Ваал и нивната религија им станале замка и мамка на Израелците (Суд. 2:3) [w08 15/2 стр. 27, пас. 2-3; w99 1/4 стр. 31, пас. 2].
4. Што можеме да научиме од Ехуд, кој храбро го употребил мечот? (Суд. 3:16, 21) [w97 15/3 стр. 31, пас. 4].
5. Какво охрабрување добиваме кога го проучуваме начинот на кој Јехова ги спасил Гедеон и неговите 300 луѓе? (Суд. 7:19-22) [w05 15/7 стр. 16, пас. 8].
6. Во која смисла Јеховината душа повеќе ‚не можела да ја гледа неволјата на Израел‘? (Суд. 10:16) [cl стр. 254-255, пас. 10-11].
7. Кога го дал својот завет, дали Јефтај имал на ум човечка жртва? (Суд. 11:30, 31) [w05 15/1 стр. 26, пас. 1].
8. Дали силата на Самсон му била буквално во косата? (Суд. 16:18-20) [w05 15/3 стр. 28, пас. 5-6].
9. Како може да ни користи тоа што го разбираме зачудувачкиот потфат на Самсон, опишан во Судиите 16:3? [w04 15/10 стр. 15, пас. 7-8].
10. Што учиме за душата од изјавата што се наоѓа во Судиите 16:30? [sp стр. 13-14].