Известувања
◼ Собранијата треба да ги поделат најновите броеви на Стражарска кула и Разбудете се! веднаш штом ќе ги добијат. Така објавителите ќе можат да се запознаат со содржина на списанијата пред да ги нудат во службата.
◼ Спомен-свеченоста ќе се одржи во вторник, 30 март 2010 год. Песните што ќе се користат за Спомен-свеченоста се бр. 8 и бр. 109 од новата песнарка. Ако вашето собрание има состанок во вторник, тогаш треба да го префрлите во некој друг ден во текот на седмицата. Доколку повеќе собранија користат иста Сала на Царството и не е можно состанокот да се одржи во друг ден, тогаш можете да го откажете. Во тој случај, некои точки од Состанокот за нашата служба што се важни за вашето собрание можете да ги вклучите во некој друг Состанок за нашата служба.
◼ Вечерта кога ќе се одржува Спомен-свеченоста, во Скопје сонцето ќе зајде во 18.57 часот, а во Охрид во 19.03 часот. Иако говорот може да започне порано, подавањето на симболите не треба да започне пред зајдисонце. Пожелно е секое собрание посебно да ја одржи Спомен-свеченоста. Онаму каде што обично по неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе мораат да користат друг објект за таа вечер. Таму каде што е изводливо, предлагаме помеѓу двете програми да поминат барем 40 минути, за да можат сите малку да поразговараат со другите по Спомен-свеченоста. Треба да се размисли и за сообраќајот и за паркирањето, вклучувајќи го и оставањето и земањето патници. Старешинството треба да одлучи за тоа што ќе биде најдобро за нивното собрание.