Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 26 април 2010 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 1 март до 26 април 2010 год.
1. Што мислела Ноемина со зборовите: „Јехова ме понижи и... Семоќниот ми нанесе неволја“? (Рут 1:21) [w05 1/3 стр. 27, пас. 1, 3].
2. Како Рут стекнала глас дека е „примерна жена“? (Рут 3:11) [w05 1/3 стр. 28, пас. 6].
3. Како зборовите на Елкана „зарем не сум ти јас подобар од десет синови“ ја зајакнале неговата жена? (1. Сам. 1:8) [w05 15/3 стр. 22, пас. 3].
4. Зошто не било исправно барањето на Израелците да имаат цар? (1. Сам. 8:5) [w05 15/9 стр. 20, пас. 17; w94 15/1 стр. 12, пас. 10].
5. Како Самоил, кој ‚остарел и оседел‘, дал пример со тоа што се молел за другите, и што истакнува ова? (1. Сам. 12:2, 23) [w07 1/6 стр. 29, пас. 14-15].
6. Зошто Кенејците добиле посебен третман од Саул? (1. Сам. 15:6) [w05 15/3 стр. 22, пас. 10].
7. Зошто Саул го прашал Давид: „Чиј син си ти, младичу“? (1. Сам. 17:58) [w07 1/8 стр. 31, пас. 3, 5].
8. Што учиме од начинот на кој Давид го решил сериозниот проблем во Гат? (1. Сам. 21:12, 13) [w05 15/3 стр. 24, пас. 4].
9. Како Јонатан покажал љубов и понизност кога било потребно да го поддржи и да го охрабри својот пријател Давид? (1. Сам. 23:17) [lv стр. 28, пас. 10, фус.].
10. Што учиме од средбата на Саул со маѓепсничката од Ен-Дор? (1. Сам. 28:8-19) [w05 15/3 стр. 24, пас. 7; sp стр. 15, пас. 1-2].