Вести од службата
Во декември, бројот на објавители изнесуваше 1.291. Тие поминаа 30.294 часа во службата на проповедање, дадоа 23.294 списанија, како и 2.853 брошури и книги. Охрабрувачки е што се водеа 1.190 библиски студии. Ова е речиси ист број со бројот на објавители во нашата земја. Особено го цениме придонесот на 198-те специјални пионери и општи пионери, бидејќи само тие водеа 636 библиски студии! Ви благодариме на сите што дадовте сѐ од себе за овој убав извештај.