Христијаните треба да се молат за службата
1. Што е неопходно за да ја извршиме нашата служба?
1 Ние не можеме да ја извршиме службата само со сопствени сили. Јехова ни дава сила за тоа (Фил. 4:13). Тој ги користи своите ангели за да ни помагаат да ги најдеме кротките луѓе (Отк. 14:6, 7). Јехова е тој што дава да расте семето на вистината кое ние го садиме и го полеваме (1. Кор. 3:6, 9). Затоа, многу е важно во молитва да бараме помош од нашиот небесен Татко!
2. За што би можеле да се молиме?
2 За нас самите: Треба да се молиме секојпат кога сме во служба (Еф. 6:18). За кои работи би можеле да се молиме? На пример, да имаме позитивен став за нашето подрачје и да бидеме смели (Дела 4:29). Можеме да го молиме Јехова да нѐ води до искрените лица со кои би можеле да ја проучуваме Библијата. Ако станарот ни постави прашање, можеме накратко во себе да му се помолиме на Јехова да ни помогне добро да одговориме (Неем. 2:4). Исто така, можеме да бараме мудрост за да ја задржиме службата на прво место во животот (Јак. 1:5). Освен тоа, Јехова се радува кога во молитва му благодариме за честа да му служиме (Кол. 3:15).
3. Како молитвите за другите го потпомагаат проповедничкото дело?
3 За другите: Исто така, треба да се ‚молиме еден за друг‘, а кога е соодветно, убаво е да ги спомнеме нашите соверници и по име (Јак. 5:16; Дела 12:5). Дали поради слабото здравје не можеш да правиш онолку колку што би сакал во проповедничкото дело? Тогаш моли се за соверниците кои имаат добро здравје. Никогаш не ја потценувај моќта на твоите молитви во нивна корист! Освен тоа, добро е да се молиме властите да имаат позитивен став кон проповедничкото дело, за нашите браќа ‚да можат да водат мирен и тивок живот‘ (1. Тим. 2:1, 2).
4. Зошто треба да истраеме во молитвата?
4 Објавувањето на добрата вест по целиот свет е огромна задача. Ако ‚истраеме во молитвата‘, ќе успееме со Јеховина помош да го завршиме тоа дело (Рим. 12:12).