Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 28 јуни 2010 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 3 мај до 28 јуни 2010 год.
1. Што учиме од тоа што Давид го оплакувал Авенир? (2. Сам. 3:31-34) [w05 15/5 стр. 17, пас. 5; w06 15/7 стр. 21, пас. 9-10].
2. Каква грешка направил Натан, и зошто Јехова не го отфрлил како пророк? (2. Сам. 7:3) [rs-SB стр. 196, пас. 7].
3. Како Јехова покажал дека се држи за своите праведни мерила кога Давид направил грев со Витсавеа? (2. Сам. 7:12-16) [w07 15/9 стр. 23, пас. 11].
4. Зошто може да се каже дека Давид ‚му направил добро‘ на Мефивостеј, односно му покажал лојална љубов, и како ова треба да влијае врз нас? (2. Сам. 9:7) [w02 15/5 стр. 19, пас. 5].
5. Што учиме од односот меѓу Етај од Гат и цар Давид? (2. Сам. 15:19-22) [w09 15/5 стр. 27-28].
6. Како би можеле со помош на Библијата да објасниме дека обвинувањето што Сива го изнел против Мефивостеј било лажно? (2. Сам. 16:1-4) [w02 15/2 стр. 14-15, пас. 11, фус.].
7. Кога Давид му понудил на 80-годишниот Варзелај да биде дел од неговиот царски двор, зошто Варзелај го препорачал Химам? (2. Сам. 19:33-37) [w07 1/6 стр. 24, пас. 13].
8. Во која смисла Јеховината понизност го правела Давид голем? (2. Сам. 22:36) [w07 1/11 стр. 5, пас. 2; w04 1/11 стр. 29].
9. Зошто Адонија се обидел да го приграби престолот додека Давид сѐ уште бил жив? (1. Цар. 1:5) [w05 1/7 стр. 28, пас. 5].
10. Зошто Јехова одговорил на молитвата на Соломон за мудрост и разборитост? (1. Цар. 3:9) [w05 1/7 стр. 30, пас. 2].