Известувања
◼ Новото јавно предавање, кое покраинските надгледници ќе почнат да го држат од февруари, ќе носи наслов: „Како вистината влијае врз нашиот живот?“
◼ Спомен-свеченоста во 2012 година ќе се одржи на 5 април, четврток, по зајдисонце.
◼ Во Скопје, во новата Сала на Царството во населба Ченто, од 20 септември до 1 октомври 2010 год., се одржа Школата за пионери. Четиринаесеттиот клас од овој двонеделен семинар го сочинуваа 22 браќа и сестри од Македонија и еден брат од Англија. Тие беа многу охрабрени од духовните поуки и го изразија своето ценење за длабоките библиски информации, како и за практичните предлози во врска со службата што ги добија.