Известувања
◼ Специјалното јавно предавање по Спомен-свеченоста во 2011 година носи наслов: „Можат ли библиските начела да ни помогнат да се справиме со денешните проблеми?“
◼ На 17 април, недела, кога ќе се одржи Спомен-свеченоста, не треба да се планираат никакви други состаноци освен состаноци за проповедање. На тој датум, сонцето во Скопје ќе зајде во 19.17 часот, а во Охрид ќе зајде во 19.20 часот. Собранијата што на тој ден обично имаат собраниски состанок треба да го префрлат на друг ден во седмицата. Ако една Сала на Царството ја користат повеќе собранија, и поради тоа не е можно состанокот да се премести, тогаш може и да се откаже. Во таков случај, би било добро семејствата да ја проучат статијата од Стражарска кула за време на Семејната вечер посветена на Јехова.