Вести од службата
Во декември, на заинтересираните лица им оставивме голем број книги и брошури. Вкупно дадовме 1.283 книги и 3.330 брошури, што е речиси двапати повеќе од истиот месец минатата година. Сите 1.316 објавители, од кои 61 специјален пионер, 151 општ пионер и 37 помошни пионери, вкупно поминаа 31.226 часови во службата на проповедање. Многу е охрабрувачки да се види дека голем дел од тоа време објавителите го поминале во поучување на други лица, бидејќи вкупно биле направени 11.828 повторни посети и биле водени 1.249 библиски студии. Тоа значи дека секој објавител просечно водел по една библиска студија.