Вести од службата
Многу сме радосни што можеме да известиме дека во февруари 2011 достигнавме нов највисок број од 1.285 библиски студии! Тој месец, извештај од службата дадоа 1.094 објавители, 32 помошни пионери, 145 општи и 63 специјални пионери — вкупно 1.334! Ако го споредиме бројот на објавители со бројот на библиски студии, ќе видиме дека има речиси исто толку интересенти, кои духовно добро напредуваат, колку што има објавители. Бројот на повторни посети изнесува 11.671, а во служба беа поминати 30.216 часови. Беа дадени 1.102 книги, 2.110 брошури и 21.951 списание. Се надеваме дека семето на Царството, кое толку обилно се сее, ќе пушти корен во срцата на многу лица.