Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 29 август 2011 год.
1. Зошто Божјата лојална љубов е „подобра од животот“? (Пс. 63:3, фус.) [w01 15/10 стр. 15, пас. 17]
2. Што ни покажува Псалм 70 за Давид? [w08 15/9 стр. 4, пас. 4]
3. Какво предупредување ни дава Псалм 75:5? [w06 15/7 стр. 11, пас. 2]
4. Особено кога можеме да очекуваме Јехова да ги слуша нашите молитви? (Пс. 79:9) [w06 15/7 стр. 12, пас. 5]
5. Кои се последиците од ‚скриените гревови‘ кои се спомнати во Псалм 90:7, 8? [w01 15/11 стр. 12-13, пас. 14-16]
6. Според Псалм 92:12-15, која важна одговорност им е доверена на постарите во собранието? [w04 15/5 стр. 13-14, пас. 14-18]
7. Дали со зборовите што ги запишал во Псалм 102:25-27 псалмистот ѝ противречи на Божјата вечна намера со Земјата? (1. Мој. 1:28) [w08 1/4 стр. 12, пас. 1]
8. Што учиме за разборитоста од Псалм 106:7? [w95 1/9 стр. 19, пас. 4 — стр. 20, пас. 2]
9. Според Псалм 110:1, 4, каква заклетва му дал Јехова на ветеното Потомство, односно Месијата, и како тоа ќе биде благослов за сите луѓе? [cl стр. 194, пас. 13]
10. Како влијаело на псалмистот тоа што размислувал за добрата што ги имал од служењето на Бог? (Пс. 116:12, 14) [w09 15/7 стр. 29, пас. 4-5]