Вести од службата
Април беше апсолутно најуспешниот месец во 2011 службена година! Во недела, на 17 април, на Спомен-свеченоста присуствуваа 3.415 лица. Овој месец имавме 569 помошни пионери, што е највисок број досега! Тоа значи дека секој втор објавител во нашата земја беше во пионерска служба! Извештај од службата дадоа 575 објавители, 146 општи и 63 специјални пионери. Што постигнаа овие 1.353 ревносни објавители? Дадоа вкупно 1.109 книги, 2.324 брошури и 30.757 списанија. Во делото на проповедање и поучување поминаа 43.147 часови, а тоа е нов највисок број часови досега! Беа направени 16.705 повторни посети и за прв пат во Македонија се водеа 1.347 библиски студии!
На покраинските собири во Скопје и во Велес, 13 нови браќа и сестри се приклучија во редовите на Јеховиниот народ. На тој собир беа присутни 1.628 лица, од кои 1.003 во Скопје и 625 во Велес.