Вести од службата
Во август, во службата учествуваа 1.355 објавители, што е втор највисок број за 2011 службена година веднаш после јули, кога извештај дадоа 1.358 објавители. Од нив, 66 служеа како специјални пионери, 140 како општи и 36 како помошни пионери. Поминаа вкупно 29.019 часови проповедајќи ја добрата вест и поучувајќи. За тоа време направија 10.549 повторни посети и водеа 1.152 библиски студии. Дадоа вкупно 786 книги, 3.470 брошури и 21.556 списанија. Се радуваме што 2011 службена година заврши со 1,1 отсто пораст на бројот на објавители и 4 отсто пораст на бројот на библиски студии во споредба со 2010 службена година.