Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 февруари 2012 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
1. Дали е исправно да се рече дека Јеховината милост ја ублажува неговата правда? (Иса. 30:18) [9 јан., w02 1/3 стр. 30]
2. Што учиме од тоа што Шевна бил отпуштен од должноста на дворски управител на Езекија? (Иса. 36:2, 3, 22) [16 јан., w07 15/1 стр. 8, пас. 6]
3. Што можеме да научиме од Исаија 37:1, 14-20 за тоа како да се справиме со неволјите? [16 јан., w07 15/1 стр. 9, пас. 1-2]
4. Како споредбата од Исаија 40:31 ги охрабрува Јеховините слуги? [23 јан., w96 15/6 стр. 10-11]
5. Во врска со кој претстоен напад, Јеховините зборови запишани во Исаија 41:14 се посебно охрабрувачки денес? [23 јан., ip-2 стр. 24, пас. 16]
6. Како ќе му покажеме на Јехова дека ‚тежнееме по праведноста‘? (Иса. 51:1) [6 фев., ip-2 стр. 165, пас. 2]
7. На кого се однесува зборот „мнозина“ во Исаија 53:12, и што учиме за Јехова од начинот на кој тој постапува со нив? [13 фев., ip-2 стр. 213, пас. 34]
8. Според симболичниот опис од Исаија 60:17, што доживува Јеховиниот народ во текот на последните денови? [20 фев., ip-2 стр. 316, пас. 22]
9. Што е „годината на Јеховината милост“ за која требало да проповедаат Исус и неговите следбеници? (Иса. 61:2) [20 фев., ip-2 стр. 324-325, пас. 7-8]
10. Која извонредна особина на Јехова е истакната во Исаија 63:9? [27 фев., w03 1/7 стр. 19, пас. 22-23]