Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 јуни 2012 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
1. Што можеме да научиме од тоа што Еремија преживеал во тешки економски времиња? (Ерем. 37:21) [7 мај, w97 15/9 стр. 3, пас. 4 — стр. 4, пас. 1]
2. Како примерот на Авде-Мелех покажува дека Јехова ги цени оние што ја вршат неговата волја? (Ерем. 38:8-13) [7 мај, w07 1/2 стр. 19, пас. 6, 7]
3. Која важна поука ја гледаме во начинот на кој Еремија постапил со Јоанан? (Ерем. 42:1-12) [14 мај, jr стр. 89-90, пас. 17]
4. Какви „големи работи“ барал Варух за себе, и на што ни помага да останеме сконцентрирани начинот на кој тој реагирал на советот што го добил од Јехова? (Ерем. 45:5) [21 мај, w06 15/8 стр. 18, пас. 1; стр. 19, пас. 6]
5. Што нагласил пророкот кога го споредил уништувањето на Едом со доаѓањето на крадци ноќе и на берачи на грозје? (Ерем. 49:9, 10) [28 мај, w07 1/11 стр. 13, пас. 4]
6. Што учиме од она што го снашло цар Седекија откако ‚се побунил против вавилонскиот цар‘? (Ерем. 52:3, 7-11) [4 јуни, jr стр. 26, пас. 20 — стр. 27, пас. 24; w95 15/3 стр. 10, пас. 2]
7. Што претставува ‚подножјето на нозете‘ на Јехова, а што неговата „сеница“? (Плач 2:1, 6) [11 јуни, w07 1/6 стр. 9, пас. 1]
8. Што мислел Еремија кога рекол дека Јехова „ќе се сети и ќе се наведне над“ него, и зошто е ова многу важно и за нас? (Плач 3:20) [18 јуни, w07 1/6 стр. 11, пас. 2]
9. Зошто е добро човек да научи да го носи јаремот на страдањата во младоста? (Плач 3:27) [18 јуни, w07 1/6 стр. 11, пас. 5]
10. Како примерот на Езекиел може да ни помогне да зборуваме со смелост и покрај рамнодушноста на луѓето? (Езек. 3:8, 9) [25 јуни, w08 15/7 стр. 8-9, пас. 6-7]