Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 29 октомври 2012 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
1. Што е симболизирано со жртвеникот што го видел Езекиел во видение? (Езек. 43:13-20) [10 сеп., w07 1/8 стр. 10, пас. 4]
2. Што е претставено со водата од реката што ја видел Езекиел во видението? (Езек. 47:1-5) [17 сеп., w07 1/8 стр. 11, пас. 2]
3. Што откриваат зборовите „одлучи во своето срце“ за духовната поука што Даниел ја добил како млад? (Дан. 1:8) [24 сеп., dp стр. 33-34, пас. 7-9; стр. 37, пас. 16]
4. Што било претставено со големото дрво од сонот што го сонил Навуходоносор? (Дан. 4:10, 11, 20-22) [1 окт., w07 1/9 стр. 18, пас. 5]
5. Што учиме од Даниел 9:17-19 во врска со молитвата? [8 окт., w07 1/9 стр. 20, пас. 5-6]
6. Кој сојуз бил ‚задржан во сила за мнозина‘ до крајот на 70-тата седмица од години, односно 36 год. од н.е.? (Дан. 9:27) [8 окт., w07 1/9 стр. 20, пас. 4]
7. Што можеме да заклучиме од изјавата на ангелот кој на Даниел му рекол дека „кнезот на персиското царство“ му стоел на патот? (Дан. 10:13) [15 окт., w11 1/9 стр. 8, пас. 1-2]
8. Кое библиско пророштво за Месијата се исполнило во поврзаност со Даниел 11:20? [15 окт., dp стр. 232-233, пас. 5-6]
9. Според Осија 4:11, која е една опасност од прекумерното пиење? [22 окт., w10 1/1 стр. 4-5]
10. Која важна поука треба да ја извлечеме од Осија 6:6? [22 окт., w07 15/9 стр. 16, пас. 8; w05 15/11 стр. 24, пас. 11-12]