Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 31 декември 2012 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
1. Како се исполнило пророштвото за наездата од инсекти запишано во Јоил 2:1-10, 28? [5 ное., w07 1/10 стр.13, пас. 1]
2. На кого се исполнува Амос 8:11, и што треба да се запрашаме бидејќи имаме изобилство духовна храна? [12 ное., jd стр. 60-61, пас. 9]
3. Од која причина можеби Едомците биле претерано самоуверени, и што не смееме да заборавиме? (Авд. 3, 4) [19 ное., w07 1/11 стр. 14, пас. 1]
4. Во која смисла Јехова се покајал во врска со неволјата која рекол дека ќе им ја нанесе на ниневијците? (Јона 3:8, 10) [19 ное., w07 1/11 стр. 15, пас. 1]
5. Како тоа што одиме во името на Бог го зајакнува нашиот однос со него? (Мих. 4:5) [26 ное., jd стр. 88, пас. 12]
6. Во што нѐ уверува исполнувањето на пророштвото запишано во Наум 2:6-10? [3 дек., w07 15/11 стр. 9, пас. 2, 5]
7. Кое е значењето на зборовите од Агеј 1:6, и што треба да научиме од нив? [10 дек., w06 15/4 стр. 22, пас. 12-15]
8. Како да го примениме практичниот совет од Захарија 7:10 да ‚не смислуваме зло во своето срце еден против друг‘? [17 дек., jd стр. 113, пас. 6; w07 1/12 стр. 11, пас. 3]
9. Каква утеха им даваат зборовите од Захарија 4:6, 7 на Јеховините слуги денес? [17 дек., w07 1/12 стр. 11, пас. 1]
10. Имајќи ги предвид зборовите од Малахија 3:16, зошто никогаш не треба да ни ослаби решеноста да му останеме верни на Јехова? [31 дек., w07 15/12 стр. 29, пас. 3]