Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 февруари 2013 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
1. Зошто Исус рекол дека се среќни „оние што тагуваат“? (Мат. 5:4) [7 јан., w09 15/2 стр. 6, пас. 6]
2. Кога Исус ги поучил своите ученици како да се молат, што сакал да каже со зборовите: „Не воведувај нѐ во искушение“? (Мат. 6:13) [7 јан., w04 1/2 стр. 16, пас. 13]
3. Зошто Исус рекол дека неговите ученици нема да го довршат проповедањето „пред да дојде Синот човечки“? (Мат. 10:23) [14 јан., w10 15/9 стр. 10, пас. 12; gt погл. 50, пас. 6]
4. Кои две работи се истакнати во споредбата на Исус за синаповото зрно? (Мат. 13:31, 32) [21 јан., w08 15/7 стр. 17-18, пас. 3-8]
5. Каква поука дал Исус кога рекол: „Ако не се преобратите и не станете како деца, нема да влезете во царството небесно“? (Мат. 18:3) [28 јан., w07 1/2 стр. 9-10, пас. 3-4]
6. Што сакал да каже Исус со зборовите „ти самиот го рече тоа“? (Мат. 26:63, 64) [11 фев., w11 1/6 стр. 18]
7. Зошто Исус е наречен „Господар и на саботата“? (Мар. 2:28) [18 фев., w08 15/2 стр. 28, пас. 7]
8. Што рекол Исус во врска со тоа кои му се мајка и браќа, и што учиме од тоа? (Мар. 3:31-35) [18 фев., w08 15/2 стр. 29, пас. 5]
9. Како што читаме во Марко 8:22-25, зошто Исус постепено му го вратил видот на слепиот човек, и што можеме да научиме од тоа? [25 фев., w00 15/2 стр. 17, пас. 7]
10. Што учиме од начинот на кој Исус реагирал на зборовите на Петар, како што читаме во Марко 8:32-34? [25 фев., w08 15/2 стр. 29, пас. 6]