Известувања
◼ Подготвен е нов нацрт за говорот за Спомен-свеченоста што говорниците треба да го користат од 2013 год. Насловот на говорот е: „Биди благодарен за тоа што Христос го направил за тебе!“
◼ Специјалното јавно предавање по Спомен-свеченоста во 2013 год. носи наслов: „Дали смртта е крај на сѐ?“
◼ Понуда на литература за мај и јуни: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Се грижи ли Бог навистина за нас?, Кога ќе умре некој што го сакаш... и Што ни се случува кога ќе умреме? Кога повторно ги посетуваш заинтересираните лица, понуди ја книгата Што учи Библијата? или брошурите Запознај го Бог или Запознај го Бог и живеј засекогаш, во зависност од нивните потреби. Притоа, обиди се да започнеш да ја проучуваш Библијата со нив.