Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 29 април 2013 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
1. Кое важно потсетување го дал Исус во Марко 10:6-9? [4 март, w08 15/2 стр. 30, пас. 8]
2. Што значи да му служиме на Јехова со сета душа? (Марко 12:30) [4 март, w97 15/10 стр. 13, пас. 4]
3. Што се „болните неволји“, спомнати во Марко 13:8? [11 март, w08 15/3 стр. 12, пас. 2]
4. Од каде црпел информации Лука кога го пишувал своето евангелие? (Лука 1:3) [18 март, w09 15/3 стр. 32, пас. 4]
5. На што треба да нѐ поттикне тоа што знаеме дека Сатана бара „поволен момент“ за да ја испита нашата верност? (Лука 4:13) [25 март, w11 15/1 стр. 24, пас. 10]
6. Како можеме да ги примениме зборовите од Лука 6:27, 28? [25 март, w08 15/5 стр. 8, пас. 4]
7. Зошто уште пред да го даде својот живот како откупнина Исус можел да ѝ ги прости гревовите на една жена? (Лука 7:37, 48) [1 април, w10 15/8 стр. 6-7]
8. Кои се „орлите“ и што е ‚мршата‘ на која се собираат? (Лука 17:34-37) [15 април, w08 15/3 стр. 32, пас. 2]
9. Како ќе влијаат врз луѓето ‚знаците на сонцето, на месечината и на ѕвездите‘? (Лука 21:25) [22 април, w97 1/4 стр. 15, пас. 8-9]
10. Како можеме да го следиме примерот на Исус кога ќе се соочиме со особено тешки искушенија? (Лука 22:44) [29 април, w07 1/8 стр. 6, пас. 2]