Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 24 февруари 2014 год.
На што Сатана ѝ го насочил вниманието на Ева, и што покажала таа со тоа што јадела од забранетото дрво? (1. Мој. 3:6) [6 јан., w11 15/5 стр. 16-17, пас. 5]
Како можеби Авел стекнал толку силна вера и како Јехова гледал на неговата жртва? (1. Мој. 4:4, 5; Евр. 11:4) [6 јан., w13 1/1 стр. 12, пас. 3; стр. 14, пас. 4-5]
Како можат родителите да им помогнат на децата да не им се восхитуваат на „силници“ и „прочуени луѓе“ од светот? (1. Мој. 6:4) [13 јан., w13 1/4 стр. 13, пас. 2]
Каква поука можеме да извлечеме од извештајот за Лот и неговата жена запишан во 1. Мојсеева 19:14-17, 26? [27 јан., w03 1/1 стр. 16, пас. 20]
Како Авраам покажал дека верува во воскресението и во ветувањето што му го дал Јехова дека потомството ќе дојде преку Исак? (1. Мој. 22:1-18) [3 фев., w09 1/2 стр. 18, пас. 4]
Што можеме да научиме од пророштвото запишано во 1. Мојсеева 25:23, каде што пишува дека „постариот ќе му служи на помладиот“? [10 фев., w03 15/10 стр. 29, пас. 2]
Кое е значењето на сонот на Јаков во кој е вклучена и една скала? (1. Мој. 28:12, 13) [10 фев., w04 15/1 стр. 28, пас. 5]
Зошто Лаван сакал да си ги врати домашните идоли што му биле украдени? (1. Мој. 31:30-35) [17 фев., w04 1/6 стр. 29, пас. 2]
Што можеме да научиме од одговорот што ангелот му го дал на Јаков, запишан во 1. Мојсеева 32:29? [24 фев., w13 1/8 стр. 10]
На кој начин можеме да ги избегнеме последиците што ги пожнеала Дина? (1. Мој. 34:1, 2) [24 фев., w01 1/8 стр. 20-21]