Известувања
◼ Специјалното предавање во периодот на Спомен-свеченоста за 2015 год. ќе се одржи во текот на седмицата од 6 април. Темата на предавањето ќе ја дознаеме подоцна. Во собранијата кои тој викенд имаат посета од покраинскиот надгледник или собир, специјалното предавање ќе се одржи следната седмица. Во ниедно собрание тоа не треба да се изнесе пред 6 април.
◼ Почнувајќи од септември, покраинските надгледници ќе го одржуваат јавното предавање со наслов „Како ни користи Божјата мудрост“.
◼ На Спомен-свеченоста која се одржа на 14 април имаше 3.146 присутни.
◼ Предвидено е есенските покраински собири да се одржат на следните датуми: 9 ноември во Скопје за покраина 1 и 19 октомври во Штип за покраина 2. Програмата од собирот во рамките на покраина 1 ќе биде преведувана и на знаковен јазик. За прв пат во Македонија, на 16 ноември во Скопје ќе се одржи покраински собир на ромски јазик.