Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во декември
„Многу родители сакаат нивните деца да веруваат во Бог. Што мислите, дали родителите треба да ги поучуваат своите деца за Бог или децата треба сами да учат за него?“ Почекај да одговори. Покажи му ја последната страница од Стражарска кула од 1 декември и разгледајте го заедно текстот под првиот поднаслов и најмалку еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Стражарска кула 1 декември
„Секој си има своја замисла за Бог. Некои луѓе мислат дека тој е некаква виша сила, а други мислат дека е вистинска личност која се грижи за нас. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Забележете што вели Библијата за тоа каков однос сака Бог да имаме со него. [Прочитај Јаков 4:8а.] Во ова списание ќе прочитате кои три работи треба да ги правиме за да се зближиме со Бог.“
Разбудете се! декември
„Според Светската здравствена организација, во некој период од животот секој четврти човек ќе се соочи со ментално нарушување — или самиот ќе биде во таква состојба или некој негов близок. Што мислите, дали денес сѐ повеќе луѓе страдаат од некоја ментална болест? [Почекај да одговори.] Библијата ни дава надеж дека наскоро луѓето ќе живеат на Земјата без болести и болки. [Прочитај Откровение 21:3, 4.] Во ова списание има некои информации за менталните нарушувања кои би било убаво да ги знае секој од нас.“