Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 31 август 2015 год.
Кои вистини за Јехова Бог што ни ја зајакнуваат верата ги наоѓаме во молитвата на Соломон, и како ќе ни помогне тоа што длабоко ќе размислуваме за тие вистини? (1. Цар. 8:22-24, 28). [6 јули, w05 1/7 стр. 30, пас. 3]
Како може примерот на Давид да нѐ поттикне и ние да му служиме на Јехова „со чисто срце“? (1. Цар. 9:4). [13 јули, w12 15/11 стр. 7, пас. 18-19]
Која важна поука ја учиме од тоа што Јехова го испратил Илија кај вдовицата во Сарепта? (1. Цар. 17:8-14). [27 јули, w14 15/2 стр. 14]
Како тоа што длабоко ќе размислуваме за извештајот од 1. Царевите 17:10-16 уште повеќе ќе нѐ поттикне да имаме целосна доверба во Јехова? [27 јули, w14 15/2 стр. 13-15]
Како може да ни помогне извештајот од кој дознаваме како Илија се справил со потиштеноста? (1. Цар. 19:4). [3 авг., ia стр. 102-103, пас. 10-12; w14 15/3 стр. 15, пас. 15-16]
Како реагирал Јехова кога видел дека неговиот верен пророк Илија потонал во очај, и како можеме да го следиме примерот на нашиот грижлив Бог? (1. Цар. 19:7, 8). [3 авг., w14 15/6 стр. 27, пас. 15-16]
Какво погрешно гледиште имал цар Ахав, и како можат христијаните денес да не ја направат истата грешка? [10 авг., lv стр. 164-165, рамка; w14 1/2 стр. 14, пас. 3-4]
Што можеме да научиме од она што Елисеј го побарал од Илија, и како може тоа да ни помогне кога ќе добиеме нова задача во службата за Царството? (1. Цар. 19:7, 8). [17 авг., w03 1/11 стр. 31, пас. 5-6]
Како можат младите да се угледаат на верата и храброста на малото израелско девојче спомнато во 2. Царевите 5:1-3? [24 авг., w12 15/2 стр. 12-13, пас. 11]
Кои особини на Јуј треба да се трудат да ги покажуваат сите слуги на Јехова во ова време на крајот? (2. Цар. 10:16). [31 авг., w11 15/11 стр. 5, пас. 4]