ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ПСАЛМ 52-59
„Фрли го своето бреме на Јехова“
Давид поминал низ многу бури во животот. Пред да го напише Псалм 55 доживеал...
навреди
прогонство
силно чувство на вина
семејна трагедија
болест
предавство
Дури и кога проблемите му изгледале неподносливи, Давид нашол начин да се справи со нив. Под водство на светиот дух, тој го напишал следниот совет кој може да им користи и на другите кои се борат со слични чувства: „Фрли го своето бреме на Јехова“.
Како можеме да го примениме овој стих?
Во горлива молитва, кажи му го на Јехова секој проблем, немир или грижа
Барај водство и помош од Божјата Реч и од неговата организација
Во склад со библиските начела, направи го она што е во твоја моќ за да ја олесниш ситуацијата