ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ПСАЛМИ 74-78
Никогаш не ги заборавај Јеховините дела
Неопходно е длабоко да размислуваме за добрите работи што ги направил Јехова
Длабокото размислување помага да се вреже во нас она што го читаме од Божјата Реч и уште повеќе да ја цениме духовната храна
Ако длабоко размислуваме за Јехова, постојано ќе ги имаме на ум неговите прекрасни дела и надежта која ни ја дал
Во делата на Јехова спаѓаат:
Творештвото
Колку повеќе ги запознаваме Јеховините творби толку повеќе се зголемува нашата страхопочит кон него
Браќата кои предводат во собранието
Треба да им бидеме подложни на оние што Јехова ги поставил да предводат
Избавувањето на Божјите слуги
Ако постојано се потсетуваме на тоа како Јехова го спасувал својот народ, ќе бидеме уште поуверени дека тој сака и може да се грижи за своите слуги