ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 6-8
„Токму така направи“
Замисли колкав труд морале да вложат Ное и неговото семејство за да ја направат арката без алатките и методите на градба кои се користат денес.
Арката била огромна. Таа била долга околу 133 метри, широка околу 22 метра и висока околу 13 метри.
За да ја изградат, Ное и неговото семејство морале да ги исечат дрвјата, да ги изделкаат стеблата, и да ги кренат и постават гредите.
И внатрешниот и надворешниот дел на таа огромна арка морале да бидат прекриени со смола.
Ное и неговото семејство морале да внесат во неа резерви храна за себе и за животните кои требало да им траат цела година.
Веројатно биле потребни 40 или 50 години за да се заврши овој проект.
Како може овој извештај да нѐ охрабри кога ни е тешко да го правиме она што Јехова го бара од нас?