ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Како да си го зачуваш бракот
Јехова го смета брачниот завет за нешто многу сериозно. Тој рекол дека мажот и жената треба да останат еден покрај друг (Мт 19:5, 6). Меѓу Божјиот народ има многу среќни бракови. Сепак, ниту еден брак не е совршен и затоа се појавуваат проблеми. Не смееме да го прифатиме гледиштето кое е вообичаено во светот дека одвојувањето и разводот се решение за брачните проблеми. Како можеме да си го зачуваме бракот?
Следниве пет работи можат да ни помогнат во тоа.
Чувај си го срцето така што ќе избегнуваш работи што можат да му наштетат на бракот, како што се флертувањето и неморалната забава (Мт 5:28; 2Пе 2:14).
Станувај сѐ поблизок со Бог и зголемувај ја желбата да го радуваш со својот брак (Пс 97:10).
Продолжи да ја облекуваш новата личност и прави мали работи за сопружникот со кои ќе му го направиш животот поубав (Кол 3:8-10, 12-14).
Задржи добра комуникација со брачниот другар (Кол 4:6).
Исполнувај ја брачната должност со љубов (1Ко 7:3, 4; 10:24).
Кога покажуваме почит кон бракот, покажуваме почит и кон оној што го основал, Јехова.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ „СО ИСТРАЈНОСТ ДА ЈА ТРЧАМЕ ТРКАТА“ — СЛЕДИ ГИ ПРАВИЛАТА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Какви проблеми можат да се појават во еден брак кој имал убав почеток?
Како библиските начела можат да им помогнат на оние кои сметаат дека во нивниот брак нема љубов?
За да имаш среќен брак, применувај ги библиските начела
Какви правила дал Јехова за бракот?
Што треба да прават и двајцата брачни другари за нивниот брак да биде успешен?