23-29 ДЕКЕМВРИ
ПСАЛМ 119:121-176
Песна 31 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Како да се заштитиме од непотребни проблеми
(10 мин.)
Сакај ги Божјите заповеди (Пс 119:127; w18.06 17, пас. 5-6)
Мрази го грешното постапување (Пс 119:128; w93 15/4 17, пас. 12)
Слушај го Јехова, и избегни ги грешките „на неискусниот“ (Пс 119:130, 133; Из 22:3)
ПРАШАЈ СЕ: „На кои конкретни начини треба да се подобрам за уште повеќе да ги сакам Божјите заповеди и да го мразам грешното постапување?“
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Пс 119:160 — Во склад со овој стих, во што треба да бидеме уверени? (w23.01 2, пас. 2)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Пс 119:121-152 (th лекција 2)
4. Започнување разговори
(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. (lmd лекција 1: точка 5)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Покажи му на лицето како може на jw.org да најде информации кои би можеле да го интересираат. (lmd лекција 8: точка 3)
6. Водење библиски курсеви
(5 мин.) Разговор со лице со кое ја проучуваш Библијата и кое не присуствува редовно на собраниските состаноци. (lmd лекција 12: точка 4)
Песна 121
7. Не дозволувај парите да ти нанесат непотребни болки
(15 мин.) Дискусија.
Оние што ги води љубовта кон парите си нанесуваат многу маки (1Ти 6:9, 10). Подолу се спомнати некои од непотребните болки кои ќе ги доживееме ако ги сакаме парите и ако дозволиме тие да ни бидат најважното нешто во животот.
Нема да можеме да бидеме блиски пријатели со Јехова (Мт 6:24).
Никогаш нема да бидеме задоволни (Про 5:10).
Ќе ни биде потешко да се спротивставиме на искушенијата, вклучувајќи ги лажењето, крадењето и предавството (Из 28:20). Ако попуштиме на ваквите искушенија, ќе имаме чувство на вина, ќе бидеме на лош глас и Јехова нема да биде задоволен со нас.
Прочитај Евреите 13:5, а потоа дискутирајте за ова прашање:
Како треба да гледаме на парите за да не си нанесеме болка, и зошто?
Дури и да немаме љубов кон парите, ако не ги користиме мудро, ќе си нанесеме болка.
Пушти ја ПОУЧНАТА АНИМАЦИЈА Мудро користи ги парите. Потоа, прашај ги присутните:
Зошто треба да си направиме план како да ги користиме парите, и како можеме да го направиме тоа?
Зошто е добро да штедиме?
Зошто е мудро да не се задолжуваме непотребно?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) bt погл. 20, пас. 1-7 и вовед во дел 7