16-22 ФЕВРУАРИ
ИСАИЈА 36 — 37
Песна 150 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. „Не плаши се од зборовите што ги чу“
(10 мин.)
Рапшакот дошол во Ерусалим за да го заплаши Јеховиниот народ (Иса 36:1, 2; w13 15/11 19, пас. 14)
Тој се обидел да направи тие да се чувствуваат слаби и беспомошни (Иса 36:8; ip-1 387, пас. 10)
Тој ги исмевал бидејќи тие имале доверба во Јехова и во царот (Иса 36:7, 18-20; ip-1 388, пас. 13-14)
Јеховиниот народ не треба да се плаши од оние кои се обидуваат да го застрашат (Иса 37:6, 7)
ПРЕДЛОГ ЗА СЕМЕЈНАТА ВЕЧЕР: Гледајте го ВИДЕОКЛИПОТ „Јехова, во тебе имам доверба!“, а потоа дискутирајте што научивте од него.
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Иса 37:29 — Во која смисла Јехова ставил узди меѓу усните на цар Сенахирим? (it „Узда“ пас. 4-mwbr)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Иса 37:14-23 (th лекција 2)
4. Започнување разговори
(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Сподели некоја вистина од додаток А од брошурата Сакај ги луѓето. (lmd лекција 1: точка 4)
5. Започнување разговори
(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. (lmd лекција 3: точка 5)
6. Објасни ги своите верувања
(5 мин.) Приказ. ijwbq статија 110, пас. 1-4 — Тема: Што е крштавање? (th лекција 17)
Песна 118
7. „На кого се потпираш?“
(15 мин.) Дискусија.
Дали некогаш некој го довел во прашање или го исмејувал тоа што веруваш во Бог, тоа што веруваш во Библијата или тоа што си одлучил да бидеш Јеховин сведок? Ако да, можеби те фатило трема или си се исплашил. Она што другите ти го кажуваат би можело дури и да ти всади сомнежи. Како може да го спречиш ова?
Прочитај Исаија 36:4, 5. Потоа, прашај ги присутните:
Зошто е важно да сме уверени дека она во кое веруваме е вистината?
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Моите тинејџерски години — дали е разумно да верувам во Бог? Потоа, прашај ги присутните:
Што им помогнало на Елибалдо и Кристал да си ја зајакнат увереноста во своите верувања?
Што тебе те уверува дека постои Бог?
Кои библиски стихови те уверуваат дека...
Јехова те сака?
Јехова секогаш ќе ти помага?
си го нашол Божјиот народ?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 62-63