23-29 МАРТ
ИСАИЈА 48 — 49
Песна 89 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Обрнувај внимание на поуките од Јехова
(10 мин.)
Јехова ги поучува своите слуги (Иса 48:17; lff лекција 35: точка 1)
Ние самите мора да избереме да внимаваме на поуките од Јехова (Иса 48:18а; ijwbq статија 44, пас. 2-3)
Тогаш нашиот мир ќе биде „како река“ и нашата праведност „како морски бранови“ (Иса 48:18б; lv 199, пас. 8)
ДЕФИНИЦИЈА: Хебрејскиот збор преведен со „мир“ може да укажува на здравје, безбедност, сила, пријателство и потполност.
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Иса 49:8 — Како се исполнило ова пророштво? (ip-2 144-145, пас. 16-20)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Иса 48:9-20 (th лекција 11)
4. Започнување разговори
(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Покани некој роднина кој е неактивен на специјалното предавање и Спомен-свеченоста. (lmd лекција 5: точка 3)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. На лице кое размислува дали да присуствува на Спомен-свеченоста објасни му како ќе се одвива тој настан. (lmd лекција 9: точка 3)
6. Правење повторни посети
(5 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. По говорот за Спомен-свеченоста, одговори на прашањата на лице што присуствувало на програмата. (lmd лекција 8: точка 3)
Песна 107
7. Извлечи корист од најважниот ден во годината
(15 мин.) Дискусија.
Со тоа што присуствуваме на Спомен-свеченоста секоја година, покажуваме дека сме послушни на заповедта на Исус и дека сме благодарни за откупнината која е прекрасен дар од Јехова (Лк 22:19). Исто така, тоа е прилика да се потсетиме колку многу нѐ сакаат Јехова и неговиот Син (Га 2:20; 1Јо 4:9, 10). Како можеме да си ги подготвиме срцата за Спомен-свеченоста и да му покажеме на Јехова дека сме благодарни за откупнината? Како можеме да им помогнеме и на интересентите да го направат тоа?
Секој ден читај ги и размислувај за стиховите кои се наведени во Распоредот за читање на Библијата за Спомен-свеченоста
Размислувај за откупнината која е дар од Бог и за тоа како можеш со својот начин на живот да покажеш благодарност за неа
Во колку што е можно поголема мера, учествувај во акцијата така што ќе ги поканиш твоите познајници, роднините и луѓето на вашето подрачје да дојдат на специјалното предавање и на Спомен-свеченоста
Изрази им срдечно добредојде на оние што ќе дојдат на Спомен-свеченоста. Освен што ќе им обрнеш посебно внимание на оние што ти лично си ги поканил, биди спремен да им помогнеш и на други лица кои дошле. Би можел да ги поканиш да седнат до тебе
Биди спремен да одвоиш време за да им одговориш на прашањата на гостите
Биди спремен да им изразиш добредојде на оние што се неактивни. Старешините особено треба да бидат спремни да им изразат добредојде на оние што порано биле Јеховини сведоци
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Исус „дојде да го бара и да го спаси она што е загубено“. Потоа, прашај ги присутните:
Што научи за тоа колку е важно да им изразиме срдечно добредојде на неактивните кои ќе дојдат на Спомен-свеченоста?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 72-73