ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/1 стр. 28-29
  • Дали навистина ни се потребни свештеници?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали навистина ни се потребни свештеници?
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кои биле првите свештеници?
  • Зошто поставил Бог свештеници
  • Какво свештенство им треба на христијаните?
  • Царско свештенство кое ќе му донесе благослови на човештвото
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Цени ја честа да служиш во Јеховиниот духовен храм
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Жртви кои му се угодни на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Жртви на фалба кои му се угодни на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/1 стр. 28-29

Што вели Библијата

Дали навистина ни се потребни свештеници?

„ЗАБЛАГОДАРЕТЕ се за дарот на свештенството“, рекол Јован Павле II во своето годишно писмо до свештениците на „Свети Четврток“, 1992. Не само католиците туку и другите со болка станале свесни за сопствените грешки. Ја почувствувале потребата некој кој е прифатлив кај Бог да им ја каже Божјата волја, да Му принесе жртва и да посредува за нив пред Бог. Таквиот човек се нарекува свештеник. Дали навистина ни е потребен свештеник кој ќе ни помогне да добиеме простување од Бог?

Идејата за свештеници и жртви не потекнува од луѓето, туку од Бог. Кога не би се грешело против Бог, тогаш не би имало потреба од свештеници. Во Еден, на совршениот човек Адам не му бил потребен никаков свештеник. Тој бил создаден без грев (1. Мојсеева 2:7, 8; Проповедник 7:29).

Кои биле првите свештеници?

Сите ние денес сме наследиле грешност бидејќи Адам намерно згрешил, а ние сме негово потомство (Римјаните 3:23). Авел, синот на првиот човек, Адам, го сфатил тоа. Библијата за него вели: „Со вера Авел Му принесе на Бога . . . жртва“ (Евреите 11:4). Иако Авел и други мажи од вера во старо време — како Ное, Авраам и Јов — не биле наречени свештеници, му принесувале жртви на Бог за себе или за своите семејства. На пример, Библијата за Јов и неговите синови вели: „[Јов] принесуваше сепаленици по бројот на сите нив и едно теле за грев на душите нивни. Зашто Јов велеше: можеби синовите мои згрешиле“ (Јов 1:5). Но, како станале свештениците и жртвите вообичаени за толку многу култури?

Земи ги предвид настаните од времето на древниот патријарх Ное. Ное и неговото семејство биле единствените луѓе кои го преживеале општиот Потоп. Кога стапнале на исчистената Земја, Ное изградил олтар и принел жртви во знак на ценење спрема Јеховината милост и заштитничка рака. Бидејќи сите народи се потомци на Ное, без сомнение, тие го следеле неговиот образец и со времето развиле разновидни традиции кои се однесувале на посредници и жртви за гревови (1. Мојсеева 10:32).

По повеќе од еден век, во градот Вавел дошло до побуна против Бог. Бог го побркал јазикот на луѓето и тие се растуриле (1. Мојсеева 11:1-9). Некои свештеници, кои сега поддржувале извртени и изопачени верувања, развиле грозни ритуали во земјите низ кои биле расеани. Сепак, Бог ја нашол за неопходно своите обожаватели да ги поучи за нивната потреба од вистинско свештенство со првосвештеник, подсвештеници и жртви прифатливи за него.

Зошто поставил Бог свештеници

Со текот на времето, Јехова ѝ дал на израелската нација свештеници кои извршувале две основни функции. Прво, го претставувале Бог пред народот како судии и подучувачи за Божјиот закон (5. Мојсеева 17:8, 9; Малахија 2:7). Второ, го претставувале народот пред Бог така што му принесувале жртви во името на народот. Павловото писмо до еврејските христијани објаснува: „Секој првосвештеник, кој од луѓе се избира, за луѓето се поставува на служба Божја, да принесува дарови и жртви за гревовите, . . . Никој сам не се здобива со таква чест, освен оној, кој е повикан од Бога“ (Евреите 5:1, 4).

Павле понатаму објаснува дека Израеловото свештенство не било Божјиот конечен начин да се помири со народот. Свештеничките должности биле симболи кои укажувале на подобри работи, „небесните работи“ (Евреите 8:5). Кога тие небесни работи еднаш настапиле, симболите повеќе не биле потребни. Како пример: Можеби имате кај себе оглас за некој производ кој ви е многу потребен. Зарем не би го фрлиле огласот кога ќе го набавите производот?

Долго време пред да настане израелската нација, Бог имал намера да создаде свештенство кое ќе служи за благослов не само на Израел туку на целото човештво. Во почетокот, Израел ја имал предноста да дава на членовите на тоа свештенство. Кога била формирана нацијата, Јехова му рекол на Израел: „Ако го слушате гласот Мој . . . вие ќе ми бидете царство на свештеници и народ свет“ (2. Мојсеева 19:5, 6; спореди 1. Мојсеева 22:18). За жал, нацијата ретко го слушала Божјиот глас. Затоа, Исус им рекол на свештениците и фарисеите: „Царството Божјо ќе се земе од вас и ќе се даде на народ, што ги принесува неговите плодови“. Кои се денес свештениците кои треба да служат на благослов на човештвото? (Матеј 21:43).

Какво свештенство им треба на христијаните?

Бидејќи сме наследиле грев од Адам, спасението за вечен живот е можно само преку совршената жртва што ја дал Исус (1. Јованово 2:2). Самиот Исус посредува за нас како Првосвештеник, како што било претсликано со израелското свештенство. Во Евреите 9:24 стои: „Христос влезе не во ракотворно светилиште, кое е само образ на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас“. Според тоа, врз основа на извонредноста на Христовото првосвештенство, повеќе не постои потреба од човечки свештеници во улога на посредници. Сепак, услугите на потсвештениците сѐ уште се потребни. На кој начин?

Свештениците мораат ‚да принесуваат духовни жртви, кои Му се на Бога пријатни преку Исуса Христа‘ (1. Петрово 2:5). Што се однесува до видот на жртвите, Павле напишал: „Секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните“ (Евреите 13:15). Според тоа, оние кои ќе го сочинуваат кралското свештенство, додека сѐ уште се на Земјата, го застапуваат Бог пред луѓето како негови Сведоци, а не како посредници. Подоцна, на небото со Исус Христос, тие ги застапуваат луѓето пред Бог, применувајќи ги користите од Христовата жртва и донесувајќи лекување за сите болести. (Спореди Марко 2:9-12.)

Иако сите верници треба да дадат сведоштво, само релативно мал број ќе служат во небесното „царство на свештеници“. Исус рекол: „Не бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството“ (Лука 12:32; Откровение 14:1). Тие ќе бидат воскреснати на небото и „ќе бидат свештеници на Бог и на Христос и ќе владеат со него како цареви илјада години“ (Откровение 20:6, НС).

Бог се погрижил тие небесни свештеници да извршат нешто, како во духовен така и во телесен поглед, кое досега ниедно свештенство сѐ уште не можело да го направи. Наскоро, додека ја применуваат користа од Исусовата откупна жртва, ќе можат да учествуваат во обновувањето на сето верно човештво до човечко совршенство. Тогаш, Исаија 33:24 ќе има прекрасно исполнување. Таму стои: „Ниеден од жителите нема да каже ‚болен сум‘; па на народот што живее таму ќе му бидат простени гревовите“.

[Извор на слика на страница 28]

„Благословување на житото кај Артоа“ 1857, од Жил Бретон Франција / Giraudon/Art Resource, N.Y.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели