ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/4 стр. 16-17
  • Научниците ја залажуваат јавноста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Научниците ја залажуваат јавноста
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Човекот од Орс“ на страниците на печатот
  • Сомневања околу идентификацијата
  • Зошто биле измамени?
  • „Науката е заинтересирана за откривање на вистината“
  • Нека зборува фосилниот запис
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • „Човеколики мајмуни“ — што биле тие?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Дали сите живи суштества имаат заеднички предок?
    Пет важни прашања за потеклото на животот
  • Кога низ Европа живееле џинови
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/4 стр. 16-17

Научниците ја залажуваат јавноста

Од дописникот на Разбудете се! од Шпанија

ТОМАС СЕРАНО, еден постар, очеличен шпански земјоделец, многу години верувал дека неговиот андалузиски мал посед крие нешто единствено. Плугот често откопувал необични коски и заби кои сигурно не припаѓале на некое местно стадо. Кога за своите пронајдоци зборувал во селото, никој не обрнувал големо внимание на тоа — барем не до 1980.

Таа година пристигнала една екипа на палеонтолози за да го испита подрачјето. За кратко време нашле вистинско богатство од фосили: коски од мечки, слонови, нилски коњи и други животни — сите наталожени во една мала област која очигледно била исушено мочуриште. Во 1983, плодниот терен наеднаш се појавил на меѓународните насловни страници.

Неодамна било откриено мало, но сепак несекојдневно парче череп. Беше најавено како „најстар човечки остаток откриен во Европа и Азија“. Некои научници пресметале дека е старо помеѓу 900.000 и 1.600.000 години и очекувале тоа да донесе „револуција во проучувањето на човечките видови“.

Фосилот кој го предизвика сиот тој ентузијазам беше наречен „човекот од Орс“ — по името на селото во покраината Гранада (Шпанија) каде што беше откриен.

„Човекот од Орс“ на страниците на печатот

На 11. јуни 1983, фосилот беше прикажан во јавноста во Шпанија. Проминентни шпански, француски и британски научници веќе ја потврдиле неговата автентичност, а политичката поддршка претстоела во блиската иднина. Еден шпански месечник со ентузијазам извести: „Шпанија, а особено Гранада, сега се наоѓаат на преден план од антиката [на човекот] на макроконтинентот Евроазија“.

Каков бил всушност „човекот од Орс“? Научниците го опишаа како недамнешен емигрант од Африка. Беше речено дека овој особен фосил му припаѓал на некој млад човек кој имал околу 17 години и бил метар и пол висок. Веројатно бил ловец и собирач кој можеби уште не научил да користи оган. Можеби веќе развил елементарен јазик и религија. Јадел овошје, житарици, јаготки, инсекти, а повремено и остатоци од животни убиени од хиени.

Сомневања околу идентификацијата

На 12. мај 1984, само две недели пред еден меѓународен научен семинар на таа тема, се појавиле сериозни сомневања во врска со потеклото на парчето. По внимателното отстранување на талози од варовник од внатрешните делови на черепот, палеонтолозите пронашле збунувачки „гребен“. Човечките черепи немаат таков гребен. Семинарот беше одложен.

Дневниот весник El País од Мадрид го носеше насловот: „Сериозни навестувања дека черепот на ‚човекот од Орс‘ му припаѓа на магаре“. Конечно, во 1987, еден научен весник што го пишуваат Хорди Агусти и Салвадор Моја, двајца од палеонтолозите кои биле вклучени во првобитното откритие, изјавиле дека рендгенските анализи навистина потврдиле дека фосилот му припаѓал на еден вид коњи.

Зошто биле измамени?

Овој неуспех се појавил од повеќе причини, од кои ниедна немала ништо заедничко со научниот метод. Драматичното откритие на човековите претци ретко останува подолго време исклучиво во доменот на научниците. Политичарите брзо застанале на победничката страна, а научната точност била засенета со националистичка горливост.

Еден регионален министер за култура изјавил дека Андалузија треба да се гордее „што е сцена на едно такво големо откритие“. Кога во некои кругови биле изразени сомневањата околу откритието, регионалната влада на Андалузија одлучно тврдела дека „остатоците се веродостојни“.

Таков безначаен фосил (со пречник од околу 8 сантиметри) стекнува огромна важност делумно поради недостигот на докази за да се поткрепи наводната еволуција на човекот. И покрај оскудните димензии на фосилот, „човекот од Орс“ беше наречен „најголемо палеонтолошко откритие во последните години и алка која недостасува помеѓу типичниот африкански човек (Homo habilis) и најстариот човек на евроазискиот континент (Homo erectus)“. Бујната фантазија и не толку научната претпоставка беа доволни за да се пополнат деталите околу изгледот и начинот на живеење на „човекот од Орс“.

Околу една година пред откритието на „човекот од Орс“, водачот на научната екипа, д-р Жозеф Жибер, размислувал за изненадувањата кои тоа подрачје несомнено ќе ги открие во иднина. „Таа е една од најважните концентрации на фосили од раниот квартар во Европа“, тврдеше тој. Па дури и откако беше откриен вистинскиот идентитет на фосилот, д-р Жилбер упорно тврдеше: „Меѓународната научна заедница цврсто верува дека во областа Гвадис-База [каде што беше пронајдено парчето], порано или подоцна, ќе биде пронајден човечки фосил стар повеќе од милион години, и тоа секако ќе биде големо откритие“. Навистина, ѕидање кули во воздух!

„Науката е заинтересирана за откривање на вистината“

Еден сооткривач на „човекот од Орс“, д-р Салвадор Моја, чесно призна за Разбудете се!: „На д-р Хорди Агусти и мене ни беше многу тешко да го прифатиме фактот дека фосилот не е од хуманоид. Меѓутоа, науката е заинтересирана за откривање на вистината, дури и ако тоа нам не ни се допаѓа“.

Полемиката која се вртеше околу „човекот од Орс“ покажува колку е тешка задачата за палеонтологијата да ја изнесе на виделина вистината во врска со таканаречената еволуција на човекот. И покрај децении копање, вистински остатоци на наводните човекови мајмунолики претци не биле откриени. Иако на некои научници можеби не им се допаѓа, можно ли е недостигот на цврсти докази да укажува на фактот дека човекот сепак не е продукт на еволуција?

Еден непристрасен набљудувач би можел со добра причина да се запраша дали други познати „мајмунолики луѓе“ се повистински отколку што се докажало дека е „човекот од Орс“.a Како што историјата обилно покажала, науката може да ги доведе луѓето до вистината, но научниците никако не се имуни на грешки. Тоа особено е случај кога политичките, филозофските и личните предрасуди ќе го замаглат спорното прашање — и кога се користи толку малку во обидот да се објасни толку многу.

[Фуснота]

a За детална анализа на други таканаречени мајмунолики луѓе, види поглавје 7 од книгата Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Слики на страници 16 и 17]

Горе: Копија на парчето со пречник од 7,5 сантиметри на наводниот „човек од Орс“

Десно: Слика на хипотетскиот „примитивен човек“ како што го замислиле еволуционистите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели