Твојата иднина — каква би можела да биде?
ПРОУЧУВАЊЕТО на Човечкиот геном веќе открива многу за потенцијалните болести од кои некој евентуално може да се разболи. Но што е со можното лекување, па дури и со превентивата на таквите болести?
Колку повеќе научниците дознаваат за геномите на растенијата, на животните и на луѓето, поголеми се и можностите за произведувањње на лекови и развивање на терапии за лечење на болестите, тврди The Times од Лондон. Сепак, како што известува списанието Industry Week, научниците имаат и предупредување, затоа што овој процес „би можел да заостанува 20 до 50 години по првата дијагноза на болестите“. Оваа состојба, според биохемичарот професор Чарлс Кантор, Ве остава „практично . . . лишени од надеж“. Но, тоа не мора да значи.
Библијата јасно ветува дека ќе дојде крај на сите болести. „Ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе“, стои во Откровение 21:4. Дали генетичарите ќе го обистинат тоа преку она што списанието The Christian Century го нарекува „генетичко косоздавање“? Исполнувањето на библиското ветување не зависи од завршувањето на проектот Човечки геном, од некое „генетичко косоздавање“ или, пак, од некакво постепено подобрување на нашата околина. Наместо тоа, неговата сигурност исклучително зависи од Божјата активна сила, од неговиот свет дух.
Спротивно дејство на наследните фактори и факторот средина
Пред околу три илјади години, еден израелски цар рекол: ‚Создаден сум чудесно‘. Иако Давид не знаел ништо за денешниот проект Човечки геном, тој го испеал следново на фалба на Бог: „Твоите очи го видоа зародишот мој и во Книгата Твоја сѐ е запишано за мене“ (Псалм 138:14, 16).
Од каде знаел овој древен цар дека неговиот раст како ембрион во мајчината утроба следел „запишани“ наредби? Самиот Давид признал: „Духот Господов говори во мене, и словото Негово е на јазикот мој“ (2. Царства 23:2). Да, активната сила на Творецот, светиот дух, го инспирирала пишувањето на Давид.
Зарем тоа не е поука која многу луѓе денес ја игнорираат или за која не размислуваат? Иако до одредена мера наследните фактори и средината нѐ прават да бидеме она што сме, Божјиот свет дух може силно да влијае врз нас, па дури и да ги спречи другите влијанија.
Размислете за случајот со Јан: „Како малечок бев многу раздразлив“, објаснува тој. „Понекогаш татко ми е многу раздразлив, а сега се такви и моите две момчиња. Кога бев помлад, бев ужасно нервозен. Не можев ништо да кажам без да пелтечам и да тревливам, а потоа почнав да барам излез во пиењето. Тоа ме смируваше, или барем мислев дека ме смирува. Всушност, пиењето ми ги влоши нервите.“ Кога Јан почнал да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци, сфатил дека мора да престане да се ослонува на алкохолот за да ги контролира нервите. „Мислев дека ми беше доволна мојата сопствена волја, и цела година навистина не пиев. Но“, признава тој, „не можев така да издржам.“
„Еден ден“, продолжува тој, „се шетав по улица на дождот и мислев дека ќе пешачам додека не умрам. Повеќе пати престанував и продолжував со пиењето. Потоа сфатив дека сум се обидувал да го совладам проблемот со пиењето на свој, а не на Јеховин начин. Затоа, додека одев, почнав да се молам, велејќи му на Јехова дека, всушност, отсега ќе ги вршам работите на негов начин, и барав да ми го даде својот свет дух да ме зајакне.“ Тоа било пред десетина години. Како е сега Јан?
„Сѐ уште морам да се напрегам за да ги контролирам своите слабости“, признава тој, „но се научив силно да се ослонувам на Јехова за да продолжам.“ На што го припишува Јан својот досегашен успех? „Се сеќавам на мојата прва задача за читање на Библијата кога се вратив во собранието на Јеховините сведоци. Тоа беше Псалм 116 (НС), кој започнува: ‚Многу сакам што Јехова го слуша мојот глас, моите преколнувања‘. На средината од псалмот, прочитав: ‚Како да му се оддолжам на Јехова за сите негови добродетели кон мене?‘ [стих 12]“ Тоа беше како скалило кое ми помогна да се вратам во некаква нормална состојба“. Јан сега ги советува сите кои се во таква ситуација: „Немојте да се залажувате себеси“. Тој додава: „Кога конечно работев на своите проблеми и се молев за Јеховиниот свет дух да ме зајакне во мојата одлучност, почнав да доживувам успех“.
Со уште скоро пет милиони други Сведоци на Јехова, Јан се ослонува на светиот дух за да му помогне да го следи патот кој е зацртан во најважниот учебник, Библијата. Дозволете им на Сведоците во Вашата близина да Ве запознаат со нејзината јасна, некомплицирана и едноставна порака — пораката за Божјето Царство, неговата небесна влада во рацете на воскреснатиот Христос Исус. Ова застапништво наскоро ќе ја отстрани секоја трага на генетски слабости, а на човештвото ќе му даде рајска околина во која ќе живее засекогаш. И Вие можете да го доживеете тоа!